Корисничко име Лозинка Пријави се
19.7.2018

Хамилтон доби нов договор

Луис Хамилтон, шампионот на Формула 1, потпиша нов договор со Мерцедес, чиј болид ќе го вози и во 2019 и во 2020 година.

„Уверен сум дека Мерцедес е вистинското место на кое треба да бидам во наредните години. Иако постигнавме многу успеси од 2013 година, Мерцедес е гладен како никогаш“, изјави Хамилтон.
Наводно, четирикратниот светски шампион ќе заработува 40 милиони фунти годишно.
„Потпишувањето на договорот всушност беше само формалност бидејќи Тото Волф и јас се договоривме уште во текот на зимата. Сепак, добро е што ставивме потпис. Јас сум дел од Мерцедес веќе 20 години и никогаш не сме биле посреќни до сега“, додаде Хамилтон.
Британецот во овогодишниот шампионат заостанува со осум бода зад Себастијан Фетел во Ферари.
„Имаше многу шпекулации за овој договор. Нема многу работи што не се кажани за Луис. Мерцедес стана негова втора куќа и уверен сум дека најдобрите поглавја се пред нас и нè чекаат“, додаде Волф.
Во наредните седмици се очекува да се реши и ситуацијата со договорот на Валтери Ботас.

Најнови вести