Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2018

Маса го „исплука“ колегата Алонсо

Шпанецот внесувал раздор во тимовите, па Маса се радувал кога Фернандо си заминал од Ферари

Фернандо Алонсо не е тимски играч и е со проблематичното однесување, внесува раздор во екипите за коишто вози. Ова обвинување на адреса на шпанскиот пилот од Формула 1 и екс светски првак го упати Фелипе Маса. Бразилецот и Шпанецот од 2010 до 2013 година беа тимски колеги во Ферари.  
Алонсо во моментов вози за Мекларен и честопати јавно искажува незадоволство од перформансите на болидот кој го вози. Маса вели дека го почитува Алонсо, но астуриецот правел внатрешни проблеми секаде каде што бил член. 
„Со Алонсо немавме проблем надвор од болидот. Тој секогаш ме тренираше добро, имавме добар однос и соработка. Но, кога тој ќе седнеше во болид и ќе ја спуштеше кацигата, како да беше сосема друг човек. Со неговиот однос внесуваше поделби и раздор во тимовите. Кога тој си замина од Ферари, ми олесна“, изјави Маса.  
Маса направи споредба на Алонсо со Михаел Шумахер и за легендарниот Германец има само пофални зборови. 
„Двајцата беа тука некаде според талентот. Но, јас имав поблиски релации со Шумахер. Тој како повеќекратен светски првак ми помагаше да се привикнам на новата средина кога дојдов во Ферари“, се присетува Маса, кој веќе не е дел од Формула 1.

 

Најнови вести