Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2018

Рикијардо од Ред Бул се сели во Рено

Австралискиот возач по четири години соработка со Ред Бул, ја менува средината

Даниел Рикијардо, возачот на Ред Бул, од следната сезона ќе управува со болид на Рено. Рикијардо по четири години, одлучи да го смени тимот во потрага по нов предизвик, иако деновиве се очекуваше да го продолжи договорот со Австријците.

Дваесет и деветгодишниот возач во францускиот тим ќе пристигне како замена за Карлос Саинс, кој, пак, се сели во тимот на Мекларен.

Во овосезонскиот шампионат на Ф1, Рикијардо се наоѓа на петтата позиција во генералниот пласман на возачи, со 118 бодови по 12 трки.

 

Најнови вести