Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2018

Ѓоковиќ во елемент против Соуза

Српскиот тенисер го „растури“ аутсајдерот за пласман во осумте најдобри на Отвореното првенство на САД, се чека Федерер за нова епска битка

Новак Ѓоковиќ беше убедлив против Португалецот Жоао Соуза откако го победи со 3-0 во сетови (6-3, 6-4, 6-3). Србинот уште на стартот најави рутинска победа, по првиот брејк за 3-1 во гемови, што му помогна да поведе со 1-0 во сетови. Соуза пружи повеќе отпор во вториот сет, но ниту тоа не беше доволно да се спречи расположениот Ѓоковиќ.

Во третиот сет силите беа изедначени сѐ до 3-3, а потоа српскиот ас направи нов брејк и го реши мечот точно за два часа.

Ѓоковиќ сега го чека подобриот од дуелот Милман - Федерер, па доколку Швајцарецот го совлада Џон Милман, во четврт-финалето ќе гледаме нова епска битка помеѓу едни од најдобрите тенисери на денешницата.

Претходно, пласман во четврт-финалето обезбеди Јапонецот Нишикори со победа над Колшрајбер со 3-0 (6-3, 6-2, 7-5) и ќе го чека победникот од дуелот кој е во тек, Чилиќ против Гофан.

 

Најнови вести