Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2018

Виландер: Уживајте во ерата на Федерер, Рафа и Ноле, по нив доаѓаат Зверев, Кирјос, Циципас...

Матс Виландер е стручен коментатор на „Евроспорт“ веќе подолго време, а поранешниот шампион прогнозира дека големата тројка, Федерер, Надал и Ѓоковиќ, ќе продолжи да доминира во тениската игра

Швеѓанецот Мац Виландер вели дека актуелната ера на големите тениски шампиони Роже Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ тешко ќе се повтори во блиска иднина, а според него, големото трио ќе продолжи да доминира во истиот состав и понатаму. По нив доаѓа ерата на Александар Зверев, Ник Кирјос, а според Виландер шанси за пехар на Гренд слем турнир имаат и Циципас, Шаповалов, Рубљев...
„Сигурен сум дека во одреден момент Зверев и Кирјос ќе доминираат, но не пред да си замине големата тројка. Можеби и Циципас, Шаповалов, Рубљев.. Но, како игра големата тројка, помладите ќе почекаат за триумф на Гренд слем турнир. Сега можеме само да уживаме во најсилната тениска ера во историјата на овој спорт“, вели Виландер.
Федерер, Надал и Ѓоковиќ заедно имаат 50 трофеи од Гренд слем турнирите, што е неповторлив и блескав учинок во историјата на тениската игра. Федерер е рекордер со 20 Гренд слем титули, зад него е Надал со 17, а Ѓоковиќ има 13.

 

Најнови вести