Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2018

Надал во еден и пол сет го доби мечот во првото коло

Актуелниот победник на САД Опен речиси и да не се измори

Рафаел Надал се пласираше во второто коло на последниот Отвореното првенство на САД, откако неговиот противник Давид Ферер го предаде мечот поради повреда. До тој момент Надал имаше водство од 1:0 во сетови (6:3), а Ферер водеше со 4:3 во гемови во вториот сет. 
Ферер кој има 36 години, ова беше негов 208 меч на гренд слем турнирите и за прв пат се повлече поради повреда. Да биде уште покарактеристично, ова беше негов последен меч на големите турнири. Тој најави дека во 2019 нема да биде дел од „големата четворка“. 
„Тажен сум бидејќи ова беше мојот последен меч на гренд слем турнирите. Убаво се забавував со Надал на теренот. Мислам дека одиграв добро. Горд сум на се што направив во кариерата“, рече Ферер по мечот. Тој нема целосно да се откаже од тенисот, бидејќи планира да игра на некои помали турнири. 
По 14 месеци пауза, на победа на Гренд слем турнир се израдува и Енди Мареј. Некогашниот број 1 на АТП листата, со 6:7, 6:3, 7:5, 6:3, го победи 448-рангиран тенисер Џејмс Дукарт. За Мареј ова е само петти турнир на кој настапува, откако се врати во јуни годинава. Билансот во 2018 година му е 5 победи и три порази. 
На женскиот дел од турнирот, немаше поголеми изненадувања. Сестрите Серена и Венус Вилијамс се во второто коло, каде е и минатогодишната победничка Слоун Стивенс. 

 

Најнови вести