Корисничко име Лозинка Пријави се
19.1.2016

Вердаско го исфрли Надал од Мелбурн!

Шпанецот Фернандо Вердаско уште на стартот на Отвореното првенство на Австралија направи големо изненадување.

Еден од најдобрите тенисери на светот уште во првото коло го победи својот сонародник Рафаел Надал со 3:2 (7:6, 4:6, 3:6, 7:6, 6:2).
Надал во одлучувачкиот петти сет водеше со 2:0, но Вердаско до крајот на мечот одигра скоро без грешка и дури трети пат во кариерата во 18 меѓусебни дуели го совлада петтиот тенисер во светот.
Надал никогаш до сега не бил поразен во првото коло на Грен слем турнирот во Мелбурн, а најлошиот резултат го имаше во 2004 кога беше сопрен во третата рунда од натпреварувањето.
Триесет и две годишниот Вердаско во второто коло ќе се сретне со Израелецот Дуди Села, 97-ми играч во светот, кој на стартот беше подобар од Германецот Бенџамин Бекер со 3:1.
Од фаворитите Енди Мареј немаше многу проблеми со Александар Зверев – 6:1, 6:2, 6:3, исто како и Милош Раониќ против Лукас Пилеа од Франција - 6:1, 6:4, 6:4.

Најнови вести