Корисничко име Лозинка Пријави се
22.3.2017

Надал: Дојдов да победам

Шпанецот Рафаел Надал во Мајами дојде со цел да ја освои титулата на еден од ретките турнири на коишто нема триумфирано.

Рафа четири пати беше поразен на Флорида и пред почетокот на вториот Мастерс во сезоната, не крие дека одличната кариера сака да ја збогати и со трофејот од Мајами.
„Дојдов со добри чувства и се надевам дека себеси ќе си дадам уште една шанса да победам“, изјави Надал, моментно седмиот играч на светот.
Шпанецот минатата недела беше запрен во осминафиналето на Индијан Велс од идниот победник Роже Федерер.
Во Мајами е поразен во финалето во 2005, 2008, 2011 и во 2014 година, а со отсуството на Новак Ѓоковиќ, од кого изгуби во последните два одлучувачки дуели на Флорида, и на Енди Мареј, во кругот е фаворит за освојување на титулата.
Надал на стартот е слободен, а во второто коло ќе се сретне со Кристијан Харисон или со Дуди Села. Машкиот дел од турнирот почнува денес.

Најнови вести