Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2018

Мегадербито на големите шампионки во Синсинати за Квитова

Петра Квитова го доби големото дерби на шампионките против Серена Вилијамс со 2:1 на престижниот женски тениски турнир во Синсинати

Двојната Гренд слем шампионка Петра Квитова беше подобра од најтрофејната активна тенисерка Серена Вилијамс во раната фаза на ВТА-турнирот во Синсинати и со триумф од 6:3,2:6,6:3 остана во игра за трофејот.
Дуелот беше интересен и поради квалитетот на двете тенисерки со многу титули, но и од поинаков аспект. И Квитова и Серена Вилијамс се во фаза на кам-бек на тениските турнири, чешката тенисерка откако преживеа хорор во својот дом во Простејов, кога беше повредена во обид да биде ограбен нејзиниот дом, а Серена Вилијамс се обидува да се врати на старите патеки на успехот по породувањето.
„Секогаш ми е задоволство да играм против шампионка од калибарот на Серена. И двете се обидуваме да се вратиме во полн ритам на тениските терени и, за среќа, денеска јас бев подобра“, рече Квитова.
Серена Вилијамс истакна дека е задоволна, иако загуби, а потенцираше дека сè уште е на самиот почеток од најавениот кам-бек на тениските турнири. 

 

Најнови вести