17.8.2018 Маратонот заврши, Ѓоковиќ го победи Димитров во Синсинати
Дводневниот тениски маратон во Синсинати заврши со победа на Новак Ѓоковиќ против Григор Димитров, во три сета и по многу прекини поради невреме
Ѓоковиќ се пласираше во четврт-финалето на АТП-турнирот во Синсинати, а за тоа чекаше цели два дена за да го заврши дуелот со бугарскиот тенисер Григор Димитров.
Мечот најпрво беше одложен поради невреме, па имаше и прекин поради дожд, а по два дена поместување и прекини, српскиот ас успеа да стаса до четврт-финалето и да ја продолжи блескавата серија од триумфи против Димитров, која сега е на кота 9.
За полуфиналето популарниот Џокер ќе игра против Милош Раониќ.