Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2018

Ѓоковиќ го победи Федерер и влезе во историјата на тенисот

Со триумфот во Синсинати, Новак го освои „Златниот Мастерс“

Новак Ѓоковиќ е освојувач на Мастерс турнирот во Синсинати откако со 6:4, 6:4 беше подобар од Роже Федерер. Србинот со овој триумф влезе во историјата на тенисот. Стана првиот играч кој успеа да ги освои трофеите на сите девет Мастерс турнири во светот. 
Откако во 1990 година е воспоставен овој систем на натпреварување, ниту еден тенисер не успеал да победи на сите девет Мастерси. Во Синсинати досега имаше пет финалиња и секогаш губеше. Три пати Федерер го победуваше во мечот за трофејот, а два пати Енди Мареј беше подобар од него во финалето. Вечерва тоа се смени, а популарниот Ноле се радуваше. 
Во дуелот против големиот Федерер, Ѓоковиќ покажа дека навистина е единствен. Во 46-тиот меч против Швајцарецот, Новак стигна до 23-тата победа, една од најважните во кариерата. На два пати Србинот беше подобар со по 6:4 во гемови, за 2:0 во сетови и историска победа.
„Ова е специјален момент за мене. За првпат во кариерата го кревам трофејот во Синсинати“, задоволно рече Ноле по финалето.
Сега Ѓоковиќ во својата кариера може да се пофали со пет титули на Индијан Велс, шест во Мајами, две во Монте Карло, две во Мадрид, четири во Рим, четири во Торонто, три во Шангај, четири во Париз и конечно еден трофеј во Синсинати. 

Најнови вести