Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2018

Ништо од српското дерби на Отвореното првенство на САД

Ѓоковиќ ѝ се заблагодари на публиката во Њујорк што била гласна среде поени

Новак Ѓоковиќ го совлада Американецот Тенис Сандгрен со 3:1 во сетови, а во третото коло на Отвореното првенство на САД ќе игра со Ришар Гаске, кој беше подобар од Србинот Ласло Ѓере. Така, Французинот спречи српска пресметка во третата рунда. Ѓоковиќ има 12-1 во меѓусебните дуели со Гаске.

Фаворитот за титулата, Ѓоковиќ, не беше задоволен од својата игра во одредени периоди од мечот со Сандгрен, особено во третиот сет, кој го загуби во тај-брејк откако пропушти меч-топка, па мораше да игра и четврти сет. 

Ноле го освои Отвореното првенство на САД во 2011 и 2015 година, лани не учествуваше, а се осврна и на односот на публиката.

„Не можете да замолчите 23.000 луѓе. Тоа е убавината на ноќната сесија тука. На Вимблдон нема шанса да слушнете звук за време на поен. Тука е поинаку, затоа сите Гренд слеми се уникатни на свој начин. Ви благодарам што разговаравте во тек на поените и пред да сервирам. Интересно беше да се слуша како си зборуваат дека денеска биле во продавница или што гледале на ЕСПН. Се изнаслушав муабети од публиката и ми беше забавно“, изјави Ѓоковиќ. 

На женскиот дел од турнирот, елиминирана е втората носителка Каролин Возњацки. Данката е шокирана во двата сета од Украинката Лесја Цуренко. И лани Возњацки испадна во втората рудна. Кај жените, ги нема веќе ниту првата носителка Симона Халеп ни ланската победничка Слоун Стивенс. 

Најнови вести