Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2018

Налутен навивач ја запалил мрежата

Причина за пироманското однесување е незадоволството од резултатите, тренерот и управата

После домашниот пораз на Слога од Трн во дуелот со Борац Шамац со 0:4 во дуел од лигата на Република Српска во БиХ, еден навивач влегол на терен и ја запалил мрежата на едниот гол. И за време на мечот имало помали инцидентни ситуации, но кулминацијата се случила после завршувањето на мечот кој убедливо го добиле гостите. 
Екипата од околината на Бања Лука има три порази во три кола, и затоа незадоволството на публиката било изразено на несекојдневен начин. Едно или повеќе лица, ја запалиле мрежата на голот на стадионот во Трн.
„Еден човек, веројатно пијан, се обиде да го запали знамето на клубот, и викаше дека треба да се избркаат тренерот и управата. Го исфрлија од трибините, но после мечот, откако сите се разотидовме, слушнав дека некој ја запалил мрежата на едниот гол“ – изјави фудбалер кој сакаше да остане анонимен. 
Навивачката група на Слога се вика „Битанги“, но тие не се присутни на трибините, бидејќи имаат несогласувања со управата и истотака бараат смена на тренерот Предраг Татиќ. 

 

Најнови вести