Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2018

Ѓоковиќ ќе навива за Надал против Дел Потро?

Ако Србинот влезе во финале, а Аргентинецот не, тогаш Ноле ќе се искачи на третото место на АТП-листата.

Пред неполни три месеци, Новак Ѓоковиќ беше на 22-рото место на ранг-листата на најдобри тенисери на светот, а сега по завршувањето на Отвореното првенство на САД, може да се искачи на позицијата број 3. 
Значајниот напредок кај Ѓоковиќ почна на Вимблдон, а сега на Отвореното првенство на САД му помогна и тоа што лани не учествуваше, па не брани поени и секаков пласман му носи плус. Во моментов, популарниот Ноле е шести на АТП-листата, а наредниот понеделник ќе биде четврти или трети.
Рафаел Надал и Роже Федерер се напред, но третиот Хуан Мартин дел Потро може да биде симнат за една позиција. Ѓоковиќ може да се пробие на трето место доколку влезе во финалето, а притоа Дел Потро да не биде финалист. Математиката вели дека дури ако Србинот го победи Дел Потро во финалето, исто така Ѓоковиќ ќе успее да дојде до третата позиција. 
Ова значи дека Ѓоковиќ во своето полуфинале ќе треба да го порази Јапонецот Кеј Нишикори и да заврши најголем дел од работата. Во другото полуфинале, во кое ќе се сретнат Надал и Дел Потро, на Ноле можеби повеќе му одговара победа на ривалот Надал, па така полесно би се пробил до третото место. 

 

Најнови вести