Корисничко име Лозинка Пријави се
06.6.2018

Ѓоковиќ: Тоа е спортот, но навистина е разочарувачки

Новак Ѓоковиќ изјави дека навистина е разочарувачки тоа што е елиминиран од Отвореното првенство на Франција.

„Многу грешки, особено кај бекхендот. Навистина не знам, ете, се случува тоа. Тоа е спортот, но навистина е разочарувачки“, изјави Ѓоковиќ за српските известувачи од Париз.
Најдобриот српски тенисер, 22-ри на листата на АТП, во четврт-финалето на Ролан Гарос е поразен со 3:1 во сетови од 72-от тенисер на светот, Марко Чекинели од Италија.
Ѓоковиќ пред српските новинари беше малку повеќе од 30 секунди, а не беше многу подолго и обраќањето на официјалната конференција за медиумите. На констатацијата дека никогаш не давал вакви кратки одговори, Ѓоковиќ изјави:
„Понекогаш и пократки“.
Претходно на конференцијата изјави дека му недостасувало среќа во дуелот со Чекинели.
Во врска со настапот на третиот гренд слем турнир во сезоната, Вимблдон во јули, Ѓоковиќ изјави дека не знае дали ќе игра на тревата.

Најнови вести