Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2018

Го нема Роналдо - на „Бернабеу“ нема публика

Уште на првиот меч по заминувањето на Португалецот, и немањето нови играчи, Реал го почувствува негативниот економски ефект

Навивачите на Реал Мадрид сакаат да гледаат суперѕвезди во дресот на нивниот омилен клуб, а во актуелниот состав, според нивниот вкус, нема таков, па синоќа стадионот беше полупразен. На „Сантијаго Бернабеу“ имаше само 48.446 гледачи,многу помалку од капацитетот од 81.044. 

Ова е најслаба посета на еден меч на Реал од 2008/09 наваму (во мај 2009 против Мајорка имаше 44.270), а тоа е сезоната пред да дојде Кристијано Роналдо. 

Во минатата сезона, Реал имаше просек од 66.847 гледачи, па затоа овие 48 илјади и малку се загрижувачки. Дали причината е заминувањето на Роналдо, па Кралскиот клуб не е толку атрактивен бидејќи нема нови играчи, или луѓето сакаат да спијат наместо да одат на стадион (мечот заврши по полноќ, а наредниот ден е работен), ќе се види на наредните мечеви. Има и луѓе што се на одмор, некои се разочарани по поразот во европскиот Суперкуп. 

„Ефектот Роналдо“, но во позитивна смисла, го почувствува Јувентус. Јуве доби милиони нови следбеници на социјалните мрежи. Киево во минатата сезона на домашните мечеви имаше просек од 12.500 гледачи, а сега кога му гостуваше Роналдо со Јувентус, „Маркaнтонио Бентегоди“, беше исполнет до последно место (39.000). 

 

Најнови вести