Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2018

Да си знае една година однапред – Тенискиот костум на „црната мачка“ Серена Вилијамс забранет на Ролан Гарос 2019

Интересна одлука најавија организаторите на Ролан Гарос, а речиси една година порано ја предупредија Серена Вилијамс дека нема да може да игра со нејзиното едноделно „одело“

Бернард Гвидичели, првиот човек на тениската федерација на Франција најави дека Серена Вилијамс ќе мора да ги почитува правилата на Ролан Гарос и на следниот гренд-слем во Париз ќе и биде забрането да го носи едноделниот „костум“ во црна боја. 
Гвидичели најави дека сите ќе мораат да го почитуваат „дрес кодот“ на Ролан Гарос, вклучувајќи ја и големата шампионка Серена Вилијамс.
Таа годинава играше во едноделна спортска опрема, комплетно во црна боја, или како што самата го нарече костумот на „црната мачка“. Долго време парискиот гренд-слем турнир ги следеше трендовите од Вимблдон и се забрануваше било каква спортска опрема, освен во комплетно бела боја, но од тоа се отстапи во последните години.
Сега организаторите на Ролан Гарос најавуваат враќање на традицијата и во иднина веројатно повторно во мода во Париз ќе биде само белата боја.

 

Најнови вести