Корисничко име Лозинка Пријави се
27.1.2012

Мота сè поблиску до ПСЖ

Мечот со Наполи којшто Интер го одигра во средата би можело да биде последен за Тијаго Мота, играчот од средината на теренот кој доби зелено светло за трансфер во ПСЖ.

Дарио Канови, менаџерот на Мота, потврди дека фудбалерот добил дозвола да замине од клубот и дека преговорите за трансфер во клубот од Париз веќе се почнати.

Доколку сè биде како што треба, тој ќе потпише договор на три и пол години, а „нераѕурите“ за него би требало да инкасираат околу десет милиони евра.

„Тијаго доби дозвола да премине во ПСЖ, па мечот со Наполи би можело да му биде последен. Сега само чекаме претставниците на двата клуба да се договорат околу деталите“, изјави Канови за италијанските медиуми.

Мота има дваесет и девет години, роден е во Бразил, но има италијански пасош. За италијанскиот национален тим одигра осум меча и постигна еден гол. Пред Интер тој настапуваше за Барселона, Атлетико Мадрид и Џенова.

Најнови вести