Корисничко име Лозинка Пријави се
02.11.2012

Париз веќе нема да го финансира ПСЖ

Градскиот совет на Париз објави вчера дека од следната сезона веќе нема да дава финансиски средства на фудбалскиот прволигаш ПСЖ.

Клубот во моментов од градскиот буџет секоја сезона добива еден милион евра, но откако го купи катарска компанија која почна да вложува големи суми, градските челници одлучија дека веќе нема смисла да се издвојуваат пари за клубот од „Паркот на принцовите“.
„По внимателно разгледување на состојбата во клубот и по договор со неговите челници дојдовме до заклучок дека издвојување на јавни пари за ПСЖ не е ниту потребен ниту прикладен во состојба на финансиска криза“, изјави градоначалникот на Париз, Бертран Деланое.

Најнови вести