Корисничко име Лозинка Пријави се
17.1.2012

Малдини помошен тренер во ПСЖ?

Паоло Малдини, четириесет и тригодишниот легендарен лев бек на Милан и на репрезентацијата на Италија, во саботата беше гостин на „Паркот на принцовите“, каде што беше дел од победата на ПСЖ над Тулуз.

По натпреварот, поранешниот негов соиграч и голем пријател Леонардо, кој е актуелен спортски директор на клубот од Париз, изјави дека разговарал со Паоло за негов можен ангажман во клубот. Тоа го потврди и Малдини за италијанските медиуми.
„Бев меѓу пријателите. Се чувствував како дома. Отсекогаш сум бил подготвен да разгледам каква било понуда којашто доаѓа од светот на фудбалот. Никогаш на никого не сум му се нудел, ниту ќе го сторам тоа“, рече Малдини.
Откако во 2009 година се повлече, тој остана надвор од фудбалот. За улогата помошен тренер на Карло Анчелоти, Леонардо, очигледно, има уште едно место.

Најнови вести