Корисничко име Лозинка Пријави се
08.6.2015

Вавринка триумфираше на Ролан Гарос

Швајцарецот Станислас Вавринка ја освои својата втора Гренд слем титула откако го победи најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ во финалете на Ролан Гарос со 3-1.

Вавринка го совлада Ѓоковиќ по повеќе од три часа и десет минути игра со резултат 4:6, 6:4, 6:3, 6:4 и го остави без единствената Гренд слем титула која му недостасува.
Србинот има осум Гренд слем титули, но ниту една во Париз, па на комплетирањето на Гренд слемот ќе мора да причека некој друг пат.
Ѓоковиќ по двата порази од Надал, во финалето го доживеа и третиот неуспех, а од навивачите повторно доби повеќеминутен аплауз на церемонијата на доделувањето на пехарот. Единствени тенисери кои го комплетирале Гренд слемот во текот на кариерата остануваат: Фред Пери, Дон Баџ, Род Лавер, Рој Емерсон, Андре Агаси, Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Вавринка го освои својот втор трофеј на најголемите турнири во тенисот, по пехарот на Отвореното првенство на Австралија 2014 година.
Иако во четврт-финалето и во полуфиналето ги совлада најголемите ривали, Рафаел Надал и Енди Мареј, Ѓоковиќ не успеа да биде на ниво во најважниот натпревар, дел и поради исцрпувачкиот дуел кој траеше два дена.
Ова беше трет пораз на српскиот претставник оваа сезона, но без сомнение најболен, бидејќи остана без главната цел за сезонава. Во 21-та меѓусебна средба Вавринка го победи српскиот тенисер по четврти пат.
Во женското финале Серина Вилијамс ја победи Луси Шафарова со 2-1 (6-3, 6-7, 6-2) и стигна до третата титула на Ролан Гарос, а вкупно 20-та титула на Гренд слем турнирите.

Најнови вести