Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

Надал неприкосновен против Посписил

Канаѓанецот успеа да направи само еден брејк, па го налути светскиот рекет број 1

Рафаел Надал со 3-0 (6-3, 6-4, 6-2) во сетови го совлада Васек Посписил во второто коло од Отвореното првенство на САД. Шпанецот беше супериорен во секој сегмент, па очекувано продолжува во следната рунда.

Во мечот кој се играше два часа, Канаѓанецот успеа да направи само еден брејк, и тоа во вториот сет при резултат од 2-4 во гемови, но, Надал се налути и не дозволи никакво изненадување.

Во следното коло Надал ќе игра против Русинот Карен Качанов.

Во вториот меч, кој се играше во доцните часови, Грузиецот Николоз Басилашвили беше подобар од Американецот со 3-1 (4-6, 6-3, 6-2, 7-6) во сетови.

Во женска конкуренција, Серина Вилијамс очекувано се пласираше во следната рунда, со победа од 2-0 (6-2, 6-2) над Карина Витхефт.

Останати резултати:

Вања Кинг – Ребека Петерсон 0-2 (5-7, 1-6)
Луси Сафарова – Ешли Берти 0-2 (5-7, 3-6)
Марија Сакари – Софија Кенин 1-2 (6-4, 1-6, 4-6)
Габрине Мугуруза – Каролина Мучова 1-2 (6-3, 4-6, 4-6)

Најнови вести