Корисничко име Лозинка Пријави се
22.5.2013

Ролан Гарос дефинитивно без Мареј

Енди Мареј, вториот тенисер на светот, и официјално соопшти дека поради повреда на грбот, нема да игра на овогодишниот Ролан Гарос.

Шкотот се надева дека на теренот ќе се врати следниот месец и дека ќе настапи на турнирот во Квинс.
„Ова навистина беше тешка одлука бидејќи сакам да играм во Париз, но по разговорот со докторот и неговиот совет, не сум физички спремен да се натпреварувам“,изјави Мареј.
„Им се извинувам на организаторите и им се заблагодарувам на сите на пораките на поддршка. Сега сум сконцентриран на закрепнувањето за да се вратам што побрзо на теренот“, додаде Мареј.
Откако го предаде мечот на турнирот во Рим, шампионот на Отвореното првенство на САД откри дека има повреда на грбот, која го мачи уште од 2011 година.
„Можете да примате инјекции. Тие помагаат за болката, но ниту тогаш не се чувствував 100 отсто спремен. На побрзите терени е полесно, бидејќи топката има помал отскок“, изјави Мареј во Рим.

Најнови вести