Корисничко име Лозинка Пријави се
31.1.2016

Ѓоковиќ останува владетел на Мелбурн

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, по шести пат во кариерата го освои Отвореното првенство на Австралија откако во финалето го победи Енди Мареј со 3:;0 (6:1, 7:5, 7:6 (7:3)).

Ѓоковиќ со шест титули во Мелбурн се израмни со Рој Емерсон, а со грен слем трофеите со 11 титули ги стигна Род Лејвер и Бјорн Борг. Пред него се Роже Федерер со 17 титули, Пит Сампрас и Рафа Надал со по 14 и Емерсон со 12 грен слем пехари.
Првиот тенисер на светот до 22-та победа во 31-иот дуел со Мареј стигна за два часа и 53 минути, и пет пати го освои сервисот на Британецот, кој направи два брејка.
Ѓоковиќ во финалето во Мелбурн по четврти пат го победи Мареј кој досега пет пати играше во финалето во Австралија, но ниеднаш не успеа да ја освои титулата.
Српскиот тенисер во целост го надигра Мареј во првиот сет, а во вториот и третиот се водеше жестока борба за секој поен, но Ѓоковиќ беше поконцентриран и стигна до дванаесеттата грен слем титула.
Во женското финале Германката Анџелика Кербер ја победи Серена Вилијамс со 2-1 (6:4, 3:6, 6:4) и го оствари најголемиот успех во кариерата прв триумф на големите тениски турнири.

Најнови вести