21.11.2016 Заврши битката за 2016 година: Мареј е тенисер Број 1
Британецот Енди Мареј во финалето на завршниот АТП Мастерс во сезоната беше подобар од Новак Ѓоковиќ со 2:0 (по сетови: 6:3, 6:4) и го победи по 11-ти пат во 35-те меѓусебни дуели, за што му беа потребни 104 минути игра.
Како решавачки се покажа брејкот во осмиот гем, со кој Мареј поведе со 5:3 во „О2 арената“ , а во наредниот го искористи неговиот прв сервис за водство од 1:0. Уште на стартот на вториот сет, Британецот освои нов гем на сервисот на Ѓоковиќ, а кога водеше со 3:1, направи уште еден, додека Ѓоковиќ до крајот успеа да поништи само еден од двата брејка за конечен резултат 6:4.
Британскиот ас за прв пат има турнирска победа во конкуренција на осумте најдобри тенисери, до која дојде по 24-те добиени меча во низа. Тој ја одбрани лидерската позиција на АТП-листата и за прв пат во кариерата годината ја завршува како најдобар тенисер на светот.
Вкупниот награден фонд на турнирот изнесуваше 7,5 милиони американски долари, од кои 2,3 милиона му припаднаа на Мареј.