Корисничко име Лозинка Пријави се
01.6.2015

Шафарова ја шокира Шарапова на Ролан Гарос

Ниту една финалистка од минатата година не успеа да стигне ниту до четврт-финалето на овогодишниот Ролан Гарос.

По раното испаѓање на Симона Халеп, натпреварувањето го заврши и Марија Шарапова. Таа испадна од Луси Шафарова со резултат 7-6 6-4.
Иако девојката која ја бранеше титулата очигледно и понатаму кашлаше и беше под влијание на вирусот кој ја мачи во текот на целиот турнир, тоа не одзема ништо од одличните партии на леворака Чехинка. Дури и кога се чинеше дека Марија во свој стил може да направи пресврт, Луси покажуваше нешто што ретко го покажуваше досега во кариерата – челични нерви.
Таа во четврт-финалето ќе игра против шпанската тенисерка Гарбиње Мугуруса, која во два сета ја совлада Флавија Пенета.

Најнови вести