Корисничко име Лозинка Пријави се
01.8.2018

Олга Даниловиќ е првата тенисерка родена во 21-виот век со титула на ВТА

Србинката која преку ноќ стана позната во светот, влезе во историјата.

Финалето на турнирот во Москва кога една против друга играа две тенисерки кои имаат по 17 години (Олга Даниловиќ и Анастасија Потапова), покажа дека наскоро може да се случи смена на генерации во врвот, а тоа беше и „најмладо финале“ од 2005 година наваму. Во 2005, во финале играа тогаш 16-годишната Никол Вајдишова и една година постарата Татјана Головин. 
Србинката Олга, која е ќерка на славниот кошаркар Предраг Даниловиќ, влезе во историјата како прва тенисерка родена во 21-ви век со освоена титула на ВТА. Таа има 17 години и седум месеци и стана прва што освоила турнир, а е родена по 2000 година. Сепак, Даниловиќ кога освои турнирот, беше за 18 дена постара од Ања Коњух, кога таа зеде титула во Нотингам во 2015 година. 
Менторот на Даниловиќ, Алекс Кореча, смета дека триумфот на моментно 112-тата тенисерка на светската ранг-листа не е сензација. 
„По паузата од два месеца, кога таа беше повредена, имаше многу интензивни тренинзи во последните три седмици. И кажав дека во Москва може да направи нешто големо. Таа е комплетна тенисерка која може да игра на сите подлоги. Има голем потенцијал и треба да го искористи“, изјави Кореча.

Најнови вести