Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2018

Чунг се повреди, замена во последен час, Башиќ игра против Ѓоковиќ

Јужнокорејскиот тенисер Хјеон Чунг во последен момент се повлече од тенискиот трунир во Торонто, па шанса да игра против Новак Ѓоковиќ доби Мирза Башиќ, како замена за Чунг

Повредата на грбот го спречи Чунг да го игра третиот меѓусебен дуел со еден од најдобрите светски тенисери, Новак Ѓоковиќ, денеска на Роџерс купот во Торонто. Во последен час како прва замена и со епитетот „лаки лузер“ влета Мирза Башиќ. Тенисерот од БиХ му излезе на мегдан на Ѓоковиќ за првпат во кариерата, а дуелот е во тек. Ѓоковиќ е апсолутен фаворит за победа, во обидот по петти пат да стаса до пехарот на престижниот Роџерс куп во Канада.

 

Најнови вести