08.9.2016 Нишикори го елиминира Мареј
Енди Мареј, вториот фаворит на Отвореното првенство на САД, беше елиминиран од Кеи Нишикори во меч со пет сета.
Првиот сет Нишикори го почна лошо и го загуби со 6-1, што беше најава дека Мареј лесно ќе го победи, но Јапонецот не се предаде.
Вториот сет јапонскиот тенисер го доби со 6-4, потоа Мареј возврати со тој резултат и дојде до нова предност во сетови, но следните два Нишикори ги доби со 6-1 и 7-5 и извојува голема победа над вториот носител на турнирот.
Во полуфиналето Јапонецот ќе игра со Станислас Вавринка, кој со 3-1 во сетови го елиминира Дел Потро.
Во второто полуфинале ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ и Гаел Монфис.