Корисничко име Лозинка Пријави се
29.3.2016

Крај во Мајами за Мареј и Серена Вилијамс

Енди Мареј, финалистот од минатата година во машката конкуренција и Серена Вилијамс победничката во женската конкуренција, го завршија својот настап во Мајами на Мастерс турнирот.

Енди Мареј загуби од Бугаринот Григор Димитров со 7:6. Мареј го доби првиот сет, но следните два ги одигра многу лошо и победата ја понесе Димитров. Со овој пораз тој ќе загуби многу поени бидејќи минатата сезона играше во финалето, а сега го заврши турнирот уште во третото коло. Димитров пак ја забележа својата прва победа над некој од играчите од Топ 10 по пауза од една година, а во следното коло ќе игра против Пабло Куевас.
Американката Серена Вилијамс го заврши турнирот во третото коло во Мајами со пораз од Светлана Кузнецова. Американката беше неприкосновена последните три години,а сега слично како и Мареј го доби првиот сет во тај брејк, но потоа Кузнецова комплетно доминираше на следните два сета освојувајќи ги со 6:1 и 6:2.

Најнови вести