09.11.2015 Доминација на Ѓоковиќ: Четвртата титула на Мастерсот во Парис
Новак Ѓоковиќ вчера го освои 58-от трофеј во кариерата, десетти оваа сезона, шести на Мастерс турнирот оваа година.
Србинот вчера изигра 14 едноподруго финале на АТП турата и го победи во Парис третиот по ред тенисер на планетава Енди Мареј со резултат 6:2, 6:4 за 93 минути.
Најдобриот играч продолжи со доминација во престолнината на Франција, каде дојде до петнаесеттиот триумф по ред и четвртиот пехар, што не му пошло од рака на ниеден тенисер досега.
Ѓоковиќ и Мареј во престолнината на Франција досега се имаат сретнато триесет пати, а Новак дојде до дваесет и првиот триумф.