Корисничко име Лозинка Пријави се
09.5.2016

Ѓоковиќ: Му честитам на Мареј, благодарен сум на публиката

Новак Ѓоковиќ го совлада Енди Мареј во финалето на Мастерсот во Мадрид и го зема трофејот во шпанската престолнина со што на најдобриот можен начин го одбележа враќањето.

Ѓоковиќ во Мадрид прв пат стигна од 2013 година и многу е задоволен со успехот кој го постигна. По мечот им се заблагодари на сите и му честиташе на ривалот.
„Му честитам на Енди, одлична седмица е зад тебе, му честитам на твојот тим и ви посакувам сè најдобро во остатокот од сезоната. Долго не сум бил во Мадрид, од 2013 година, а искрено признавам ми недостигаше. Оваа година искусив многу добри работи, на теренот но и надвор од него и затоа сакам да му се заблагодарам на организаторот. Уште едно незаборавно искуство и одлична седмица. Му благодарам и на мојот тим бидејќи ми даваат неверојатна поддршка, а особено и се заблагодарувам на публиката која е толку страсна поради која овој турнир е толку важен за сите нас“, изјави српскиот тенисер.

 

Најнови вести