Корисничко име Лозинка Пријави се
19.3.2012

Жан-Ги Валем нов тренер на Оксер

Жан-Ги Валем е новиот тренер на францускиот прволигаш Оксер, кој вчера го смени досегашниот стратег Лоран Фурниер.

Оксер вчера наутро го смени 47-годишниот тренер Лоран Фурниер по низата од 11 првенствени натпревари без победа. Капката којашто ја прели чашата беше домашниот пораз (2-0) од Евијан во саботата вечерта, со што Оксер уште повеќе се зацврсти на место кое води во понизок ранг на натпреварување (19-тото).
Иако сè уште не е официјално претставен, 44-годишниот Жан-Ги Валем е новиот тренер на екипата, а таа вест ја потврди близок човек на Жерар Буржуан, претседателот на клубот. Вален досега бил тренер на Сент Етјен, ФЦ Париз, Руан, Рој и Ланс.

Најнови вести