Корисничко име Лозинка Пријави се
24.7.2018

Сане ги боцка ривалите: Челзи ни е најголема закана

Лерој Сане, фудбалерот на Манчестер сити, изјави, малку изненадувачки, дека Челзи е главниот ривал на актуелниот шампион за највисок пласман во наредната сезона во Премиер лигата. Лондонскиот клуб имаше прилично проблематично лето бидејќи се чини дека предоцна беше променет менаџерот.

Сезоната на Челзи почна така што сега поранешниот менаџер Антонио Конте ги одржа првите тренинзи. Ситуацијата во клубот беше многу чудна бидејќи одамна се шпекулираше дека во клубот доаѓа Маурицио Сари, а дури откако се случи Италијанецот да го замени Италијанецот на клупата, ситуацијата малку се стабилизира.
Доведени се првите засилувања, Еден Азар и понатаму е во клубот, иако беше речиси пред напуштање, но и покрај тоа, прашање е колку може Челзи да се бори за освојување на титулата. Младиот Германец Лерој Сане изјави дека мисли дека „сините“ се апсолутно способни да бидат на самиот врв.
„Челзи навистина доведе нов тренер. Наполи минатата сезона играше многу атрактивно и ние имавме многу проблеми со нив. Можеби во Челзи ќе им треба малку време да се навикнат на тактиката, но тие би можеле да бидат многу добар тим. Мислам дека тие ни се најголема закана во борбата за титулата“, изјави Сане.
Сити против Наполи играше мината сезона во Лигата на шампионите и таа екипа ја доби два пати. Резултатите беа 2-1 и 4-2.

Најнови вести