Корисничко име Лозинка Пријави се
08.2.2018

Француски куп: Лион во следната фаза, пенали во Мец

Во саботата на програмата беа четири натпревари од третото коло на Купот на Франција, а во наредната рунда на натпреварувањето пласман обезбедија Шамбли, Ланс, Каен и Лион.

Третолигашот Шамбли беше подобар од четвртолигашот Гранвил со минимален резултат. Гранвил направи едно од најголемите изненадувања на сезоната елиминирајќи го Бордо.
Ланс со 1-0 на домашен терен го победи ривалот Троа. Единствениот гол го постигна Шпанецот Кристијан Лопес.
Каен по големата драма и по подоброто изведување на пеналите во гости беше подобар од Мец, во регуларниот дел од натпреварот резултатот беше 1-1, а по продолженијата 2-2. Стрелци за домашната екипа беа Нијан и Ру, додека за екипата на Каен головите ги постигнаа Ставитски и Диоманде. Одлучувачкиот пенал за победа на Каен во шестата серија го постигна Жилбер.
Лион во гости го совлада Монпелје со 2-1, а сите голови беа постигнати на почетокот на натпреварот за половина час игра.
Единствениот гол за домаќинот го постигна Иконе во 22-рата минута, а за Лион мрежата ја затресоа Максвел Корне и одличниот Набил Фекир.

Најнови вести