Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2018

Аргентина без Меси три години нема да добие натпревар

Стоичков смета дека „десетката“ на Барса е премногу важна за „гаучосите“

Бугарската фудбалска легенда Христо Стоичков во интервју за аргентискиот весник „Оле“ изјави дека доколку Лионел Меси веќе не игра за репрезентацијата, тогаш „гаучосите“ во наредните три години нема да добијат ниту еден меч. 
Одлуката на Меси за привремено напуштање на националниот тим предизвика различни реакции, а Стоичков смета дека без Меси, Аргентина ќе се мачи. 
„Ако Меси се откаже од репрезентацијата, тогаш Аргентина нема да добие ниту еден меч во следните три години“, смета Стоичков, кој е еден од најдобрите играчи во историјата на Барселона, клубот во кој Меси со успех ја минува својата клупска кариера. 
Според Стоичков, Аргентинците прво треба да одлучат каков стил на фудбал ќе применуваат во иднина и дали имаат резервна варијанта што би правеле без убедливо најдобриот играч. 
„Голема лага е дека Меси кажувал кој да игра во репрезентацијата, а кој не. Значи, јас треба да бидам селектор на Аргентина бидејќи сум негов пријател? Тоа се измислици. Не разбирам какви луѓе сте вие новинарите“, додаде популарниот Кама. 

Најнови вести