Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2018

Голем проблем за Аргентина, Меси ќе прави пауза

Лионел Меси ќе паузира извесно време и нема да игра за селекцијата на Аргентина, најавија тамошните медиуми

Најдобриот играч на Аргентина, Лионел Меси ќе направи пауза и тоа на неодредено време и во скора иднина нема да го носи дресот со националн и обележја. Добро информирани извори во Аргентина најавија ваква можност, а фудбалската јавност во оваа земја стравува дека еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот веќе воопшто нема да игра за Аргентина. Меси нема значајни успеси со една од најтрофејните фудбалски велесили, а и постојано е на мета на критиките дека за репрезентацијата не игра ниту приближно на нивото кое го прикажува во дресот на Барселона.

 

Најнови вести