Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2018

Барса се „помачи“, па го „згази“ Алавеш, „магијата“ на Меси е 6000-ти гол за „каталонците“ во Ла Лига

Мораше да биде тој, Меси во 2009 година го постигна 5000-от гол за Барса, девет години подоцна го „заби“ 6000-от погодок

Барселона некако успеа да забележи триумф на стартот од новата сезона во Ла Лига. Tрите бода ги обезбедеја дури во второто полувреме, предност донесе Лионел Меси, со прекрасен погодок од слободен удар во 64-тата минута од мечот, во 83-тата минута Кутињо зголеми на 2-0, а Меси стави точка на мечот со гол во последните моменти од средбата.

 Аргентинецот оствари јубилеј во име на каталонската екипа, Барса со неговиот погодок брои вкупно 6,000 погодоци во шпанското првенство. Интересно е што Меси го направи истото за 5,000-от гол, во 2009 година против Расинг стрелаше за победа од 2-1.

Најнови вести