Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2018

Меси оди во аут, Икарди е новиот спасител на Аргентина

Капитенот најави дека му е потребна пауза и затоа го нема во тимот

Привремениот селектор на Аргентина, Лионел Скалони го изостави капитенот Лионел Меси од списокот за претстојните пријателски мечеви против Гватемала и Колумбија. Меси самиот изјави дека му е потребна пауза од националниот дрес и нема да игра до крајот на годината. 
Многумина сметаат дека Меси со овој потег само постепено го најавува конечното „збогум“ од националниот тим. Лео има само разочарувања со Аргентина и досега нема освоено ниту еден значаен медал. Последниот несупех го доживеа на Светското првенство во Русија, кога јужноамериканската селекција беше елиминирана во осминафиналето. 
Во отсуство на Меси, во селекцијата се враќа Мауро Икарди. Јавна тајна беше дека капитенот на Интер не беше повикан во репрезентацијата за Мундијалот во Русија, бидејќи не е во добри односи со Меси. Сега, кога го нема Лео во составот, Икарди е повторно опција во нападот и треба да докаже дека неоправдано беше изоставен од тимот за планетарниот собир. 
Освен Меси, на следните мечеви нема да играат ниту Анхел ди Марија, Николас Отаменди, Маркус Рохо, Евер Банега, како и Хавиер Маскерано кој се прости од репрезентацијата. 

 

Најнови вести