Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2018

Сане надвор од теренот еден месец

Лерој Сане, напаѓачот на Манчестер сити, би можело да отсуствува од теренот до еден месец поради повредата со која се здоби во дуелот од ФА купот против Кардиф.

Манчестер сити во овој дуел славеше со 2-0, но сите ги загрижи повредата на Лерој Сане, кој се повреди по исклучително остриот старт на Џо Бенет.
Бенет доби само жолт картон, а Сане не се врати на теренот во второто полувреме.
По завршувањето на натпреварот се споменуваше и можноста дека за Сане сезоната е завршена, но дека е под знак прашалник и неговиот настап на Светското првенство, што многу ги изнервира луѓето од Фудбалскиот сојуз на Германија, па на „Твитер“ напишаа за Кардиф:
„Само да ви јавиме дека ова лето имаме многу важен турнир и да ве замолиме да не ни ги повредувате играчите“, пишува во пораката на „Твитер“од страна на Фудбалскиот сојуз на Германија.
Во официјалното соопштение на Сити пишува дека се работи за повреда на лигаментите на глуждот и дека Сане го очекува пауза. Сè уште не е одредено времето кога ќе се врати на теренот.

Најнови вести