Корисничко име Лозинка Пријави се
02.4.2018

Де Бројне: Сакаме титулата да ја освоиме против Јунајтед

Кевин де Бројне, фудбалерот на Манчестер сити, изјави дека сака неговата екипа на навивачите да им подари историски ден со освојувањето на титулата против Манчестер јунајтед.

Сити е на чекор од третата титула во Премиер лигата од 2012 година, му недостасува само една победа, а прва можност за тоа ќе има во сабота, кога ќе го дочека Јунајтед.
„Мислам дека тоа би било прекрасно за навивачите. Ако не победиме во тој натпревар, и понатаму ќе имаме многу шанси, но да се направи тоа против Јунајтед, би било посебно. За навивачите тоа би било посебно, нешто поинаку, историски“, изјави Де Бројне за британските медиуми.
Сити во саботата славеше против Евертон со 3-1, а белгискиот фудбалер се надева дека неговата екипа ќе има сличен настап и во првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул. Единствениот пораз во Премиер лигата оваа сезона Сити го доживеа токму од Ливерпул (4-3).
„Ова е Лигата на шампионите, четврт-финалето, тоа е сè или ништо“, изјави Де Бројне.

Најнови вести