05.10.2011 Тони Паркер во Асвел
Како што се најавуваше, Тони Паркер,за време на локаутот во НБА ќе настапува за Асвел од Вилебан.
Францускиот репрезентативец ќе го одржи своето ветување и сам ќе си го
плати осигурувањето, а некои медиуми во Франција шпекулираат дека тој ја одбил
понудата на Барселона и на уште неколку кинески екипи.
Тој ќе го пропушти првиот натпревар од домашниот шампионат со Роан, но на
тимот ќе му се приклучи за мечот против Париз во второто коло.
Тони Паркер има дваесет и девет години, а за Сан Антонио играше од 2001
година и со него освои три шампионски прстени.
Неодамна со репрезентацијата на Франција го освои сребрениот медал на
Европското првенство во Литванија, каде што имаше просек од 22,1 поени, 3,5
скока и 4,1 асистенции.