Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2016

Ѓоковиќ елиминиран на стартот на ОИ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше главен фаворит за златниот медал на Олимписките игри но светскиот рекет број еден не го мина првото коло по поразот од Хуан Дел Потро.

Аргентинскиот тенисер направи вистинска сензација со победата во два сета во тај брејк, 7-6 и 7-6.
Ѓоковиќ беше многу емотивен по поразот и со солзи во очите се прости од Рио.
 „Честитки за Дел Потро, тој е одличен човек и тенисер. Повредите во минатите години му пречеа да го покаже она што знае, сега видовме каков тенисер е, одигра одлично. Можам само да му честитам. Ова е најтешкиот пораз во мојата кариера, премногу боли, им се извинувам на сите кои ги разочарав“, изјави Ѓоковиќ по мечот.
Покрај најголемиот фаворит од тенискиот турнир во конкуренција во дубл се простија и сестрите Вилијамс кои беа поразени од чешката двојка Сафарова и Стрицова со 6-3, 6-4.

Најнови вести