Корисничко име Лозинка Пријави се
17.7.2012

Серена: Ќе бидам мирна на Отвореното првенство на САД

Американската тенисерка Серена Вилијамс неколку пати досега покажа дека има краток фитил. Едноставно, доколку нешто или некој ја изнервира, подобро да не ѝ се најдете на патот.

Последните години не можеше без врева на Отвореното првенство на САД, па пред четвртиот грен слем сезонава има посебна цел.

„Ќе дадам сè од себе оваа година да не се карам со никого“, рече во шега Серена.

Тенисерката пред три години беше дисквалификувана во полуфиналето откако на судијата, кој ѝ судеше престап, му рече дека ќе му ја набие топката во грло, а минатата година во текот на финалниот меч му викаше на судијата, го нарече губитник и му порача да не гледа во нејзина насока.

„Доколку некој навистина ме налути, можеби ќе морам да влезам во мала расправија. Меѓутоа, целта ми е да останам мирна, колку што ќе можам. Доколку не успеам, ќе го напуштам теренот во голем стил, како претходните години“, рече непоправливата тенисерка.



Најнови вести