Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2015

Надал елиминиран од УС Опен

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини го направи најголемото изненадување досега на Отвореното првенство на САД со триумфот над Рафаел Надал во третото коло.

Фоњини до третата победа над Надал оваа сезона дојде по голема борба во пет сетови со 3:6, 4:6, 6:4, 6:3, 6:4, по три часа и 46 минути.
Победата на Фоњини стави крај на една серија на Надал кој до сезонава десет години освојуваше барем еден Грен слем турнир.
Надал и Фоњини одиграа одличен натпревар и на крајот Италијанецот заслужено славеше иако губеше со 2-0 по првите два сета. Сепак Фоњини по предноста на Надал имаше мотиви да се врати во мечот и да го победи Шпанецот, што оваа година му успеало повеќе од било кој друг тенисер.
„Едноставно, морам да прифатам дека ова не е моја година. Играм многу полошо отколку што беше случај последните години, и тоа е тоа“, изјави Надал после поразот.

Најнови вести