Корисничко име Лозинка Пријави се
12.9.2015

Федерер преку Вавринка до финале со Ѓоковиќ

Роже Федерер го победи Стан Вавринка во полуфиналето на Отвореното првенство на САД со 6:4, 6:3, 6:2 и се пласираше во своето 27-мо гренд слем финале.

Вториот рекет на светот одигра уште еден одличен меч, не му даде шанса на својот сонародник и утре ќе го игра седмото финале во Њујорк, прво од 2009 година.
Вавринка не играше лошо, но не можеше да направи ништо против маестралниот Федерер. Швајцарскиот тенисер во борба за титулата ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ кој претходно уште поубедливо го совлада Марин Чилиќ во првото полуфинале.
Тоа ќе биде нивни 42 меѓусебен дуел, а Федерер има победа предност, 21-20.
Федерер против Вавринка почна нешто побавно и му препушти прва брејк топка во вториот гем. Но тоа беше единствена шанса за помладиот Швајцарец затоа што Федерер беше доминантен во продолжението на мечот.
Направи брејк во третиот гем и до крајот ја задржа предноста, во вториот и третиот сет му беше уште полесно откако направи по два брејка.

Најнови вести