10.9.2015 Швајцарско полуфинале во Њујорк
Швајцарците Роже Федерер и Сатанислас Вавринка ќе играат еден против друг во полуфиналето на Отвореното првенство на САД.
Федерер беше надмоќен во дуелот со Ришар Гаске со 6:3, 6:3, 6:1, за час и пол игра.
Вавринка имаше малку потешка работа, но без проблеми го совлада Кевин Андерсон со 6:4, 6:4, 6:0 за помалку од два часа борба.
Ова ќе биде 22-ри меѓусебен дуел на двајцата Швајцарци, Федерер води во победите 18-3, но Вавринка ја доби последната средба со 3-0 на Ролан Гарос.
Во другото полуфинале ќе играат првиот носител Новак Ѓоковиќ и бранителот на титулата Марин Чилиќ.