Корисничко име Лозинка Пријави се
02.1.2012

Официјално: Анчелоти го презеде ПСЖ

Карло Анчелоти е претставен како нов тренер на ПСЖ, каде што ќе го замени Антоан Комбуаре.

Анчелоти ќе биде најплатениот тренер во историјата на францускиот фудбал, неговата плата ќе се движи меѓу шест и седум милиони евра годишно.
Италијанецот беше без работа од минатото лето, кога доби отказ од клупата на Челзи, каде што беше заменет со Андре Вилаш-Боаш.
Тој ќе има кратки четиридневни подготовки со тимот во Катар, а првиот натпревар на клупата на тимот од Париз ќе му биде против аматерскиот тим Локмин. Анчелоти изјави дека целта му е освојување трофеи и ништо друго, а прашање е само кои ќе бидат засилувањата на неговиот тим оваа зима, бидејќи се споменуваат имиња како Дејвид Бекам, Кака и Пато.

Најнови вести