Корисничко име Лозинка Пријави се
10.6.2013

Надал за историја: Осма титула на Ролан Гарос

Рафаел Надал стана првиот тенисер во историјата кој освоил некој грен слем осум пати.

Шпанскиот тенисер до големиот подвиг стигна победувајќи го во финалето на Ролан Гарос земјакот Давид Ферер со 3:0, по сетови 6:3, 6:2, 6:3 по два часа и 16 минути.
Тврдењата на повеќето познавачи на тенисот дека финалето на овој Ролан Гарос всушност е одиграно во петокот кога Надал по голема борба го победи Ѓоковиќ, испаднаа дека се точни. Рафаел Надал го победи Ферер по 20-ти пат во нивните 24 меѓусебни дуели и стигна до 12-тата грем слем титула во кариерата, а 57-мата вкупно.
На момчето од Манакор тоа му е 59-та победа во 60 меча на Ролан Гарос! Финалето практично е одлучено на средината на првиот и почетокот на вториот сет, кога Надал со серијата од седум добиени гемови стигна до водство од 6:3, 3:0. Ферер, како и секогаш, се обиде на сите начини, но едноставно немаше решение, иако беше видливо дека Надал не беше на нивото од полуфиналето, најмногу поради ладното време и дождот.
Што се однесува на статистиката, Надал на крајот имаше 34 директно освоени поени и 25 неизнудени грешки. Од друга страна, Ферер покрај 22-та винери направи 35 грешки.
Во женското финале Серена ВИлијамс без поголеми проблеми славеше против Марија Шарапова со 2-0 (6-4, 6-4) и ја освои 16-тата грен слем титула во кариерата со само еден изгубен сет на Ролан Гарос.

Најнови вести