Корисничко име Лозинка Пријави се
17.7.2017

Мугуруса: Тешко е да се поднесе успехот

Гарбиње Мугуруса, новата шампионка на Вимблдон, изјави дека ќе ужива во нејзината победа на третиот Грен слем во сезоната за да спречи пад на формата каков што имаше по освојувањето на Роланд Гарос минатата година.

Шпанката нејзината прва Грен слем титула ја освои во Париз пред 13 месеци, победувајќи ја Серина Вилијамс во финалето, но само три седмици подоцна натпреварувањето на Вимблдон го заврши во втората рунда. Мугуруса тогаш ја елиминирана Јана Чепелова, а потоа со лоши резултати продолжи и на Олимписките игри во Рио де Жанеиро и во Отвореното првенство на САД.
Една година подоцна, по победата над Венус Вилијамс во престолнината на Велика Британија, Мугуруса изјави дека научила како подобро да реагира на успесите.
„Ќе покажам дека научив нешто од она како се почувствував по победата на Ролан Гарос, дека сето тоа сега го прифаќам помирно и дека уживам. Тешко е да се поднесе успехот. Ја освоив титулата во Париз и веќе следниот ден повторно играв. Сакам малку сега да уживам во овој момент, ќе се обидам да останам со нозете на земја, но повторувам дека оваа победа нема да го промени мојот живот. Сите ми зборуваат дека ќе се променам, а јас повторувам дека нема. Притисокот ќе биде поголем, како и одговорноста, но јас ќе останам иста“, изјави Мугуруса за „Марка“.
По триумфот на Вимблдон, Мугуруса напредуваше до петтото место на ВТА-листата. До титулата дојде со победата над постарата сестра Вилијамс со 7:5, 6:0, бидејќи пред две години во финалето беше поразена од Серина. Шпанската тенисерка е прва на која и тргнало од рака да ги победи двете сестри Вилијамс во финалињата, што ја прави посебно горда.
„Се чувствувам како да ми се остварил сонот. Кога ќе победите една од сестрите Вилијамс во финале, се чувствувате како навистина да сте биле најдобри ан турнирот“, изјави Мугуруса.

Најнови вести